ЕСТЕТСКИ ЛИФТИНГ НА НАДЛАКТИЦАТА

Што претставува лифтингот на надлактицата (Brachioplasty)?

Како што човекот старее, искусува промени во тежината или поради генетиката кожата на надлактица може да стане лабава и млитава. Затегнување и отстранување на вишокот на кожата комбинирана со липосукција за да се отстрани вишокот на маснотии, ќе ви даде пооформен, поцврст и младешки изглед.

Кој е соодветен кандидат за лифтинг на надлактицата?

Оние кои имаат лабава, млитава кожа и маснотии во делот на надлактицата. Иако вежбањето ќе помогнува за подобрувањето на изгледот, често хирургијата е единствената алтернатива. Липосукцијата само ќе го намали вкупниот волумен на маснотии, но нема да ја отстрани вишокот на кожа. Комбинацијата на двете интервенции обично ќе даде најдобри резултати.

Колку долго трае лифтингот на надлактиците?

Не може да се даде никаква гаранција, но иако резултатите се перманентни, со стареењето и со промените во тежината надлактиците повторно ќе се олобават.

Како се изведува процедурата за лифтинг на надлактиците?

Хируршкиот пристап зависи од самата кожа, но обично се прават засеци на внатрешниот дел од лактот до аксилата (пазувите).

Кратка верзија на лузна после лифтингот може да се изврши наместо лузната во пазувите. Овој пристап ја затегнува лабавата кожа, но не ја отстранува многу, применета само за оние со ограничена количина на испуштеност и со добар тон на кожата.

Времетраење на операцијата : 1 / 1,5 часа (под општа анестезија / седација)

Болнички престој : 1 ноќ.

Што треба да очекувам по операцијата?

Некои хирурзи преферираат да ги завиткаат надлактиците или да користат компресивна облека и рацете треба да бидат издигнати за неколку дена, над срцето. Важно е да се заштити и поддржи зоната на засекот за да се обезбеди правилно лекување. Непријатност и болка ќе се почувствуваат во првите денови после операцијата, но ова е привремено и ќе помине во текот на следните недели.

После колку време можам да се вратам во мојот нормален живот?

Процесот на закрпнување не треба да се побрза и обично трае до еден месец. Во Турција се препорачува престој од 7-10 ноќевања, а повеќето од пациентите можат да се вратат на работа во рок од 2 недели ако не вклучуваат физичка активност со рацете.

Може ли лифтингот на надлактицата да се изведува без лузна?

Лифтингот на надлактицата вклучува отстранување на кожата и бара создавање на лузна која започнува во близина на лакот на пазувите. Повеќето лузни се видливи во почетокот и се потребни до 12 месеци за целосно да се лечат. Лузницатаможе да биде на внатрешниот дел, така што не е видлива.

Во многу случаи, лифтингот на надлактицата се вршат како дел од програмата за контурирање на телото и се комбинираат со такви процедури како што се хирургијата на стомакот, лифтинг на бутовите и и градите за да се создаде севкупен, подобрен изглед.

АДРЕСА

Head Office

Abdi İpekçi Cad. No: 61/6 Reasürans Han 2
Teşvikiye, Nişantaşı 34367 - İstanbul, TÜRKİYE

Branch Office

1732, No:4 Lamela B/1 Centre Skopje, Macedonia

ТЕЛЕФОН/ E-MAIL

P (TR) :
0212 248 08 08

P (MK) :
+38923210321

Mobile :
0 (532) 452 57 24

WhatsApp:
+38970307529

Viber:
+38970307529

E-Mail :