ЦЕНТРАЛЕН ЛИФТИНГ НА ЛИЦЕ

Што претставува централниот лифтинг на лицето?

Како што старееме ја губиме младешната полнота на образите, кожата и основните масти кои почнуваат да се спуштаат надолу. Централниот лифт ја третира средната третина од лицето, помеѓу очите и горната усна. Се изведува кога е потребно посуптилно, но сепак значајно подобрување. Секој што размислува за централен лифт мора да биде сигурен дека нивните очекувања можат да се реализираат и дека не е потребно целосно подигнување на лицето за да го остварат саканиот изглед.

Кој е соодветен кандидат за оваа интервенција?

Ако имате длабоки вдлабнатини под очите (и очните кеси), длабоки линии на насмевката и имате разгранување на кожата и маснотиите по образите тогаш средниот лифтинг на лицето може да биде точен лифтинг за вашето лицето.

Која е разликата помеѓу обичен лифтинг на лице и централен лифтинг?

Традиционалниот лифтинг на лицето се фокусира на долниот дел од лицето и на вратот, исто така, подобрувајќи ја линијата на вилицата и горната усна. Двете процедури се однесуваат на различни области, но често се изведуваат заедно за да обезбедат целосно реновирање на лицето.

Колку долго трае средниот лифтинг на лицето?

Резултатите се долготрајни, меѓутоа не може да се спречи стареењето, а гравитацијата, типот на кожата, генетиката и начинот на живот значатдека испуштањето може да се случи и во иднина.

Како се изведува средниот лифтинг на лицето?

Преку засеци направени или на линијата на косата, во устата или поретко во долниот дел на очен капак, сите меки ткива на образот се одделуваат од јагот, се креваат, се репозиционираат, а потоа се закотвуваат со коска или фасција.

Времетраење на операцијата: – 1 час (седација и локална или општа анестезија).

Престој во болница: – 1 ноќ.

Што да се очекува веднаш по операцијата?

Може да се очекуваат минимални модринки и отоци, и двете се нормални, минливи се и обично исчезнуваат многу брзо. Може да се доживее вкочанетост, затегнатост и непријатност, но лицето брзо закрпнува. Првична идеја за резултати ќе биде видлива веднаш, но треба да чекате 6 месеци за да го оцените последниот изглед.

Како можам да ги сокријам знаците на операцијата?

Камуфлажна шминка една недела по операцијата ќе помогне да се прикријат било какви модринки останати по ова време.
После колку можам да се вратам во мојот нормален живот?

Модринките и отокот варира од личност до личност, но се очекува ат во минимална доза по оваа постапка. Во Турција се препорачуваат 7 ноќевања по интервенцијата. Повеќето можат да се вратат на работа во рок од 10-14 дена, но поради отокот, за конечните резултати ќе биде потребнода помине подолго време.

Дали можесредниот лифтинг да се изврши без лузна?

Лузните се дел од процесот на закрпнување но во зависност од локацијата на засекот, лузните од средниот лифт може да бидат невидливи ако се во устата или долниот очен капак или едвајвидливи на линијата на косата.
Во многу случаи, централниот лифтинг на лице се врши заедно со друга хирургија на лицето за најдобра севкупна симетрија и изглед на лицето, алтернативно со други процедури за обликување на телото. Средниот лифтинг често им нуди на младите или на оние со испуштен централен дел на лицето алтернативна процедура за подигнување на лицето со пократки лузни и со пократко време за закрепнување.

Trackback from your site.

АДРЕСА

Head Office

Abdi İpekçi Cad. No: 61/6 Reasürans Han 2
Teşvikiye, Nişantaşı 34367 - İstanbul, TÜRKİYE

Branch Office

Branch Office

ул. Влае бр. 87
Skopje – Macedonia

ТЕЛЕФОН/ E-MAIL

P (TR) :
+90 212 248 08 08

Mobile :
+90 532 452 57 24

WhatsApp:
+389 70 307 529

Viber:
+389 70 307 529

E-Mail :


T (MK) :
02/3133-313

T (MK) :
075402-000

E-Posta :